Денес се конституираше Советот на Град Скопје и од денес Социјадемократкиот сојуз ја има апсолутната власт во Градот Скопје. Од денеска ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ се конструктивна опозиција во Град Скопје, изјави по денешната конститутивна седница, Ирена Мишева од ВМРО-ДПМНЕ.
Мишева најпрво изрази благодарност на досегашниот градски татко Коце Трајановски, за како што рече, постигнатиот успех во неговата работа и во севкупниот развој на Град Скопје за доброто на граѓаните.
-Коце Трајановски ќе остане во меморијата на секој жител на Град Скопје и ќе биде запаметен како градоначлник кој оставил многу грандиозни дела, ќе остане запаметен какочесен и вреден човек кој со својата посветеност и многу труд остави силен белег на Град Скопје. Трајановски на неговиот наследник му остава во градската каса над 834 милиони денари и 365 милиони денари за фасадите на зградите на Град Скопје кои се во завршна фаза што претставува повеќе од половина од буџетот на Градот Скопје. Покрај ова јавните претпријатија на Град Скопје ги остави во одлична кондиција, ЈПС, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта, Градски паркинг, Паркови и зеленило и сите претпријатија се опремени со соодветна механизација и подготвени за сите предизивици. Токму затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ од новиот градоначалник Петре Шилегов, очекуваат и бараат да бидат завршени сите проекти кои ги започна Трајановски, а кои се од витално значење за граѓаните на Град Скопје, како и исполнување на сите проекти кои ги ветуваше во предизборниот период. Ние како советничка група во наредниот период ќе дадеме силна поддршка за сите проекти кои се од витално значење за граѓаните на Град Скопје, но исто така и одлучно ќе се спротивставиме на секаков вид на незаконие, самоволие, реваншизам и деградирање на луѓето кои се во градската управа и јавните претпријатија. Силно ќе се спротивставиме на рушење, деградирање и омаловажување на се она што е изградено, на сите објекти кои имаат културно и искориско значење на македонскиот народ и на Република Македонија, нагласи Мишева.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ докажала дека е партија која гради и создава и нема да дозволат да се руши тоа што е изградено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст