Советот на јавни обвинители ги разгледал и до Владата ги доставил мислењата за поднесените пријави на огласот за избор на Јавен обвинител на Република Македонија.
Во кусото соопштение од Советот на обвинители, се наведува дека се разгледани апликациите на кандидатите кои имале комплетна и уредна документација и за нив се дадени образложенија во писмена форма кои денеска се доставени до Владата на Република Македонија.
На огласот за нов државен јавен обвинител беа пријавени 23 кандидати.
Согласно законот, Владата на седница треба да ги разгледа кандидатурите и мислењата од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите. Потоа одлуката оди во Собранието како предлог решение, а
истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување. Новиот државен јавен обвинител треба да дојде на местото на Марко Зврлевски, кој
беше разрешен од Собранието на 17 август годинава. До назначувањето нов јавен обвинитеl, времено функцијата ја извршува Лилјана Спасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст