Четворица од 37-те обвинети во случајот Диво Насеље денеска според одлуката на Кривичниот суд добија ослободителна пресуда.
Еден од нив Бесник Ајдини, кој беше обвинет за тероризам, со што му се закануваше казна доживотен затвор, а останатите тројца на товар имаа полесно кривично дело, односно беа обвинети за логистика. Судот допрва треба да се произнесе дали овие четворица ќе излезат на слобода, бидејќи Ајдини повеќе од две години е во притвор, а останатите тројца се во куќен притвор.
Адвокатите очекуваат судот експресно да ги пушти на слобода, а според нивните коментари тоа требаше да се случи и денеска, но во судница воопшто не стана збор за мерката притвор бидејќи во тој случај ќе мораше сите обвинети да влезат внатре, а кои претходно без избркани по налог на судијката.
Доколку и Апелациониот суд ги потврди оослободителите пресуди за овие четворица, тоа значи дека тие ќе имаат право на паричен надомест за времето што го поминале во притвор.
Според досегашната судска пракса, во вакви случаи судот носи одлука оштетените да добијат по најмногу 3.000 денари за секој ден што го поминале зад решетки.
Извор: Фокус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст