| четврток, 6 декември 2018 |

Љубица Јанчева избрана за претседателка на Советот на град Скопје

Љубица Јанчева, е избрана за претседателка на Советот на Град Скопје на првата конститутивната седница.

Советот на Град Скопје прво ги избра претседателот и членовите на Комисијата за верификација, мандатни прашања, преставки и поплаки на Советот на Град Скопје.

Потоа Комисијата ги верификува мандатите на советниците на Советот на Град Скопје од локалните избори на кои коалицијата предводена до Социјалдемократски сојуз на Македонија освои 21 мандат, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 17 советнички мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 3 мандати, Партијата БЕСА освои 2 мандати и по еден мандат освоија партиите Левица и Алијанса на Албанците.

Комисијата ги верификува мандатите на 44 советници, додека мандатот на советникот Ерџан Селими, кој не присуствуваше на седницата ќе биде верификуван на некоја наредна седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top