| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на Харадинај ќе има 200 советници

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и неговите министри ќе имаат околу 200 советници.

– Премиерот го советуваат 16 советници додека 20-те министри ќе имаат од седум до десет советници. Еден од министрите веќе ангажирал девет советници, другите ги докомплетираат, пишува “Зери”.

Советниците на Харадинај имаат месечна плата од по 1.500 евра додека на советниците на министрите месечната плата им е 600 евра.

Според пресметка советниците ќе го чинат косовскиот буџет два милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top