По предлог на овластениот претставник на Движењето Беса во моментот во Државната изборна комисија како еден приговор се разгледуваат 84 нивни приговори, што оваа партија ги поднесе за гласањето во вториот круг во локалните избори во скопски Чаир.
Портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска за МИА изјави дека ДИК по службена должност ги прибавила сите 84 записници од избирачките места на кои се однесуваат приговорите и оти тие се разгледуваат.
За вториот круг од локалните избори до ДИК поднесени се стотина приговори. Во рокот што истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.
ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на приговорите да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст