| четврток, 6 декември 2018 |

Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат седница во Струмица на 23 ноември

Теми од заеднички интерес, со фокус на разговорите за напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани на заедничата седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, соопшти денеска прес-службата на бугарската Влада.

Претходно, и македонската Влада донесе одлуки за заеднички седници со Бугарија, како и со Албанија на 2 декември.

Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски (1999-2004).

Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарската Влада.

Одржување заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на почетокот на август, кога беше потпишан Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top