Судот им одреди мерки на претпазливост на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Сокол Митревски и на петмина соработници вработени во Општината осомничени за злоупотреба на службената положба при продажба на општинско земјиште.
Кривичниот суд вчера ги прифатил предлозите на Основното јавно обвинителство и на шестемина осомничени им одредил мерка забрана да го напуштат местото на живеалиште, односно Скопје, одземање на патната исправа и обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд.
Основното јавно обвинителство товари вкупно девет лица за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Лицата се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст