Патниците во автобус број „5“ ги избезуми кука која ненадејно изутринава влетала во вториот кат на автобусот кршејќи прозорец. Несреќата се случи изутринава во 9.30 часот во центарот на градот, на раскрсницата кај „Палома бјанка“.
Автобусот кој се движел на релација од скопската населба Ѓорче Петров кон Центар застанал паралелно до камион-миксер на раскрсницата кај „Палома бјанка“.
„Кога се вклучи зелено светло, автобусот требаше да тргне право, а до него стоеше камионот кој се обидуваше да сврти лево кон Италијанската амбасада. При вртењето со задниот дел го зафати горниот кат на автобусот кршејќи стакло“, раскажуваат избезумените патници.
За среќа, нема повредени бидејќи патниците седеле на предните седишта во автобусот, а задните во тој момент биле празни. Но, инцидентот предизвикал вознемиреност кај патниците, кои биле затекнати од случката.
„Беше страшно, додека седевме во автобусот одеднаш еден огромен зглоб, како кука, удри силно кршејќи го прозорецот. Сè се случи со огромна брзина. Автобусот застана, патниците вознемирени излетаа надвор“, раскажува очевидец на настанот.
Од ЈСП велат дека камион-миксер го скршил стаклото на двокатниот автобус. Внатрешна контрола прави увид, предизвикана е материјална штета. „Колкава е штетата, дополнително ќе се утврдува. Автобусите на ЈСП се осигурани“, велат од јавното претпријатие.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст