| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтин роаминг со Бугарија

Во следните неколку месеци ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за намалување на цените во роамингот за земјите од Западен Балкан, најави денеска бугарскиот министер за транспорт, информатички технологии и комуникации Ивајло Московски, пренесува денеска БТА.

Московски учествува на бизнис-конференцијата „Логистички хоризонти 2025“ во Софија, каде пред новинарите зборуваше за заложбите и целите на Министерството за транспорт, информатички технологии и комуникации за време на претстојното Претседателство на Бугарија со Советот на ЕУ.

– Не може да имаме цени од шест-седум лева за минута со Македонија, со Босна и Херцегоивина или Србија. Тоа се страшни цени, изјави министерот Московски.

Посочи дека очекува операторите да потпишат договор до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top