| четврток, 6 декември 2018 |

Најлош кошмар на сите родители: Камерата во градинка откри ужасна вистина

Американците се згрозени од видео снимката од градинката „Сајдер“ во Кливленд, во сојузната држава Охајо, на кој се гледа како воспитувачктие крвнички ги тепаат бебињата.

На снимката од минатата среда се гледа како воспитувачката (49) го фатила детето (2) за рачето и почнала душмански да го тепа со пластична палка

Воспитувачката детето го удрила 22 пати, па го фрлила на подот и продолжила да го тепа.

Тоа претепување го гледала другата воспитувачка.

Накратко го пуштила на мира, па за 10 минути, продолжила да го удира и така го однела до масата за преслекување, од кој грубо го треснала. Сето тоа се случувало околу 17 часот, а мајката по детето дошла дури околу 19 часот.

Детето кое се вика Амари Лејам, имало модринки по телото, па веднаш го однела во болница, повикала полиција и поднела пријава.

Амари имал бројни повреди и подливи.

За жал, приказната не завршува тука. Кога ја прегледала снимката во четвртокот наутро, управничката на градниката Октавија Мануел забележала уште еден инцидент.

Друга воспитувачка со палка претепала 18-месечно девојче.

Двете воспитувачки веднаш се отпуштени, но случајот и снимката од надзорната камера ги презеде полицијата. Соопштено е дека управата на градинката целосно соработува во истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top