Повеќе луѓе ги фатило паника и избегале од местото на сообраќајна незгода во центарот на Лондон откако едно такси се качило на тротоар во реонот на „Ковент Гарден“ и удрило во двајца пешаци.
Локалната полиција соопшти дека возачот на таксито излегол од автомобилот и бил уапсен, и оти тоа што го направил „веројатно не е поврзано со тероризам“.
Таксистот соработувал со полицијата, а на повредените им помогнала екипа на Брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.