Шпанскиот истражен судија би можел да нареди апсење за поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и петмина членови на каталонската регионална Влада, без оглед на тоа дали тие ќе се појават на суд во Шпанија или не.
Адвокатот на Пуџдемон, Пол Бакер наведе дека доколку Шпанија побара екстрадиција за Пуџдемон, одлуката за тоа ќе ја донесат белгиските судии, а не Владата. Двајца членови на Владата на Пуџдемон вчера се вратија од Брисел. Адвокатот на Пуџдемон посочи дека Пуџдемон нема намера да се врати од Брисел во наредните неколку недели.
Пуџдемон, вчера истакна дека ќе се врати во Шпанија доколку добие гаранција дека ќе има чесно судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.