| четврток, 6 декември 2018 |

14-годишна манекенка почина на ревија во Кина: Родителите немаат пари да и го пренесат телото

Руската манекенка, 14-годишната Влада Џуба, после 13 часовен моден маратон во Шангај, најпрвин се сруши на модната писта, а потоа падна во кома и по два дена почина.

Родителите на 14 годишното девојче немаат пари да дојдат по нејзиното тело, па таа најверојатно ќе биде кремирана, а нејзините посмртни остатоци ќе бидат вратени дома дури за еден месец.

Иако прво се тврдеше дека Влада имала менингитис, новите наоди од обдукцијата покажале дека починала од септикемија, болест кај која патогените микроорганизми или нивниот отров продираат во крвта и се задржуваат во неа.

Агенцијата за која работело девојчето ги демантираша обвинувањата дека тинејџерката починала од исцрпеносст. Но, медиумите пишуваат дека девојките се справувале скоро со ропски однос и дека не смееле да се јават на лекар од страв да не ги изгубат договорите со агенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top