Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски по објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварот против Норвешка даде свое видување за играчкиот кадар.
– Нема промени во составот во однос на претходните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сметам дека тоа што функционираше одлично и што ни донесе резултат не треба да го менуваме, рече Ангеловски на денешната прес-конференција.
Тој за дуелот со Норвешка очекува квалитетно издание на неговите избраници.
– Ни престои тест натпревар против репрезентација која во минатото не сме ја победиле. Норвешка негува типичен скандинавски стил на игра, агресивен, со многу дуели, а ги предводи Лагербег кој направи фудбалско чудо со Исланд. Се надевам дека на најдобар начин ќе се спротивставиме и ќе го продолжиме трендот на позитивни резултати, изјави Ангеловски.
Натпреварот Македонија – Норвешка ќе се игра на 11 ноември во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Моќта на „црвената фурија“ доаѓа до израз, Диего Коста зголемува на 2-0 (видео)