| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ го потврди бугарскиот воз низ цела држава – за 922 ливчиња има несовпаѓање со бројот на гласачи што гласале

Низа нерегуларности и прекршувања го одбележаа целиот изборен процес, а констатирани се и огромен број на неправилности во првиот и вториот круг од локалните избори. Неправилности се констатирани и во Извештајот на ОБСЕ.

Меѓу другото, во Извештајот се наведува: „Резултатите на националното ниво во првиот круг покажаа несовпаѓање од 922 меѓу предадените гласачки ливчиња и гласачи што гласале на изборите за градоначалник како и разлика од 310 во изборите за општинските совети.“

Ова е сигурна потврда за она што и досега се обвинуваше- присуство на појавата Бугарски воз.

Недостаток на едно ливче на повеќе избирачки места или едно ливче повеќе потврдува дека се случувал ваков вид на прекршување и нерегуларност. Според ОБСЕ во Македонија има несовпаѓање на 922 ливчиња што е алармантна бројка кога е во прашање релевантноста на изборните резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top