| четврток, 6 декември 2018 |

Донатори на СДСМ одлучни да го преземат ФЕНИ: Стечајниот управник пријател на Заев

Металуршкиот гигант Фени индустри од Кавадарци оди во стечај, сите ветувања на владата дека ќе изнајде решение за случајот се испоставија како обични лаги, а изиграни останаа над 1000 вработени во фабриката, но и над 400 транспортери на кои претежната дејност им беше товарен превоз за потребите на металуршкиот гигант. Вчера Основниот суд во Велес го назначи Мирослав Анастасиевски за стечаен управник. Анастасиевски е по потекло од Гостивар, близок човек со луѓе од врвот на власта, со Заев и директорката на УЈП, Соња Лукаревска, истиот во минатото бил чест донатор за кампањите на СДСМ, а беше активен и во „шарената револуција“.

Анастасиевски, кој во 2016 година за време на парламентарните избори во декември донирал 122.300 денари за СДСМ и со тоа бил физичко лице кое остварило најголема донација кон СДСМ сега ја доби својата „награда“ за финасирањето на партијата. Анастасиевски сега ќе го распарчува имотот на металуршкиот гигант Фени каде еден од поголемите должнички доверители е вицепремиерот во владата, Кочо Анѓушев, кој пред изборите ветуваше дека Фени нема да оди во стечај и дека ќе се изнајде решение, сепак изгледа дека ветувањата на Анѓушев биле само „нужни лаги“ за добивање на изборите.

Анастасиевски е човек кој е во често друштво на Заев и негов очигледен познаник, тоа може да се забележи и од фотографиите објавени на неговиот фејсбук профил каде има фотографии со лидерот на СДСМ од кампот кој го држеше партијата пред владата на Република Македонија во текот на 2015 година.

Дека Анастасиевски е добро сврзан со актуелната власт говорат и фотографиите на неговиот профил, од времето на „шарената револуција“ од Соња Лукаревска, денешната директорка на УЈП.

Извори од Гостивар говорат и дека Анастасиевски е сопственик и на градежна фирма во градот.

Очигледно е дека Анастасиевски добро си ја наплатил својата донација па сега ќе располага со стечајна маса од неколку милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top