| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци подготвени за Реал сосиедад (ФOTO)

Експедицијата на Вардар составена од фудбалерите, стручниот штаб и дел од раководството, пристигна во шпанскиот град Сан Себастијан, Шпанија каде што утре „црвено-црните“ ќе го играат натпреварот од четвртото коло од групната фаза од Лигата на Европа против екипата на Реал Сосиедад.

Со овој натпревар ќе стартува вториот дел од групната фаза од Лигата на Европа. Во првиот дел Вардар не освои ниту еден бод, со надеж дека тоа ќе го сторат на последните три натпревари во групата „Л“.

Во 18:30 „црвено-црните“ ќе одржат прес конференција, а во 19 часот ќе биде официјалниот тренинг на стадионот „Аноета“ каде што ќе се игра натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top