| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ за реклами во кампањата на пет телевизии дала речиси половина милион евра

Социјалдемократскиот сојуз за рекламирање на националните телевизии за време на кампањата во двата изборни круга потрошила речиси половина милион евра, или 426.853 евра.

Партијата денеска објави колку пари на која телевизија ѝ платила за време на кампањата. Од податоците се гледа дека СДСМ најмногу пари дал на телевизиите „Канал 5“ – 106.389 евра и „Сител“ – 155.637 евра.

Според податоците што ги објави СДСМ на „Телевизија 24“ за политичко рекламирање ќе плати 73.602 евра, на телевизија „Алсат М“ 71.249 евра и на „Телма“ 93.578 евра.

Од партијата наведуваат дека СДСМ и коалицијата се рекламирала и на неколку регионални и локални телевиизии, радио станици, интернет портали и печатени медиуми.

„Напоменуваме дека информациите што се појавија во одредени медиуми околу издвоените средства за медиумско рекламирање на СДСМ во предизборната кампања се однесуваат на доспеани и платени фактури до периодот за којшто се однесува поднесениот финансиски извештај доставен согласно законските прописи. Вкупните трошоци за време на кампањата како и за платената политичка програма, согласно законот, ќе бидат наведени во финанскиот извештај којшто ќе го опфаќа целиот период, до завршување на кампањата односно до затворање на сметката“, велат од СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top