| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот остана во шок од веста дека загинал Жељко Бебек – пејачот запрепастен

На Фејсбук се прошири веста дека Жељко Бебек загинал на авто патот кај Хамбург.

– Ужасна несреќа на автопатот кај Хамбург, настрада балканската ѕвезда, беа дел од насловите, а луѓето почнале да го оплакуваат пејачот, но информациите за неговата смрт, за среќа се лажни.

– Прочитав дека сум мртов, но еве ме жив и здрав, во саботата одржав феноменален концерт и не ми фали ни влакно од главата. Мојата екипа и јас се обидовме да ги контактираме медиумите кои тоа го објавија за да не се случи ширење на идезинформацијата, но за сега немаме некој успех бидејќи станува збор за енкои непознат портал и не можеме да дојдеме до нив. Не знам од каде такви информации, ниту на кого тоа му оди во прилог, вели Бебек за српските медиуми и напоменал дека имал многу повици од личности кои проверувале дали е жив, бидејќи едноставно не можеле да веруваат во тоа што го прочитале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top