Грчкиот олимски комитет (ХОК) денеска на свечена церемонија во Атина го предаде олимпискиот пламен на организаторите на Зимската олимпијада во 2018 година во Пјеонгчанг во Јужна Кореја.
Претседателот на ХОК, Спирос Капралос, му го предаде пламенот на организаторот претседател на Организацискиот комитет на Пјеонгчанг, Ли Хи-беом на свечена церемонија на стадионот Панатениак.
На настанот присуствуваа и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, заменик-министерот за спорт Јоргос Василиадис, европскиот комесар за миграции и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос и американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат.
На настанот присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе. Официјалното видео за Зимските олимписки игри 2018 е покана и ретроспектива на сите изминати Зимски олимпијади досега, дел од видео записот е изработен во Македонија и од македонска екипа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст