Беше горд што сум факултетски образована и што си го остварив сонот. Беше моја ѕвезда водилка, човек за пример, столбот во семејството, вели популарната водителка Лила Стојановска за „Женски Магазин“ каде првпат јавно да проговори за смртта на нејзиниот татко Милан кој почина пред три и пол години од канцер.
Болеста му била доцна дијагностицирана во поодмината фаза, иако бил дисциплиниран пациент кој редовно одел на лекар.
– Сè се случуваше неочекувано брзо. Кога го изгубивме ми требаше време да се соземам. И денес ми е тешко да зборувам. Времето поминува, но болката не се намалува. Сè е исто само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно. Баш го сакаше животот–раскажува Стојановка.
За нејзиниот родител таа зборува во суперлативи. Функционирале како најдобри другари, најмногу им се радувала на заедничките прошетки, бил остар и директен, но секогаш реален во излагањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст