| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот фудбалер стана хит на социјалните мрежи: Ристовски, направи ми син

Македонскиот фудбалски репрезентативец, десниот бек, Стефан Ристовски денеска доби шанса на местото од повредениот Пичини кој вообичаено е стартер во тимот на Спортинг Лисабон. Македонецот ја оправда довербата, по што стана хит кај навивачите на Спортинг Лисабон на социјалните мрежи.

„Ристовски направи ми син. Каква е*ена игра…“, „Ристовски изгледа како десен бек каков што Спортинг немал во изминатите 20 години…“, „Ристовски е ѕвездата на вечерта“, „Ристовски е за класа подобар од Пичини“, „Ристовски е неверојатен фудбалер“, „Ристовски докажа дека треба да биде стартер“, „На Ристовски местото му е во стартните 11“. Ова е само дел од она што се сретнува на социјалните мрежи.

Извор: 24фудбал

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top