| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Њујорк: Oсум лица загинаа во терористичкиот напад

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека осум лица се убиени кога пикап камионот влетал на велосипедска патека во Долни Менхетен.

Полицијата претходно објави дека повеќе луѓе биле повредени во нападот што Де Бласио го нарече “особено кукавички чин на терор насочен кон невини цивили”.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека тоа е напад на “осамен волк”, додавајќи дека нема докази дека тоа е дел од “поширок заговор или поширока шема”.

Полициската станица во Њујорк наведе дека возилото удрило во велосипедисти и пешаци пред да удри во друго возило, а возачот излегол и имитирал пукање од пиштол кон полицијата

Човекот бил застрелан и уапсен од полицајците.

Еден сведок за медиумите изјави дека видел бел пикап кој возел на југ по патеката за велосипеди со полна брзина и погодил неколку луѓе.

Тој, исто така кажал дека слушнал девет или 10 удари.

Канцеларијата на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, обајви дека тој се упатува кон местото на настанот.

ИЗВОР: РСЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top