Играчот за врска на италијанската фудбалска репрезентација Андреа Пирло својот 100 меч во дресот за националната селекција ќе го одигра вечерва на прославениот стадион во Бразил популарната „Маракана“.
Италијанската репрезентација учествува на купот на конфедерации каде вечерва го почнува натпреварувањето против силната селекција на Мексико.
– Да се одигра меч на „Маракана“ е сон на секое дете. Ќе имам прилика својот 100 меч за националниот тим да го одиграм токму овде. Многу сум среќен. – изјави Пирло на новинарите во Бразил.
Селекторот на Италија во составот ќе има дури шест играчи од тимот на Јувентус вклучувајќи го и Пирло.
– Среќа е за секој тренер да има толку играчи од еден тим. „Хемијата“ што ја носат со себе од клубот може да биде само од корист. Тоа е добра работа за една репрезентација. – изјави селекторот на Италија Чезаре Прандели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


