| четврток, 6 декември 2018 |

Убедлив пораз на Карпош Соколи во Унгарија

Кошаркарите на Карпош соколи го доживеаја и третиот пораз во Еврокупот на ФИБА, откако убедливо загуби од екипата на Фалко Вулкано со 108-87.

Во ситуација кога во текот на вчерашниот ден останаа без тренер по оставката на Борче Даскаловски, а во тимот го немаа ниту повредениот Дарко Соколов, „соколите“ немаа сили да му се спротивстават на расположениот противник кој по 20 минути игра имаше 15 предност (64-49).

Македонскиот вицешампион во второто полувреме во неколку наврати успеваа да ја преполови таа разлика, но немаше сили за целосен пресврт, па во финишот претрпе уште еден пораз изразен со над 20 поени разлика.

Браун постигна 23, Мекфејден беше стрелец на 18, а Лабовиќ на 17 поени за македонскиот претставник, кој се соочува со сериозна финансиска криза на самиот старт од оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top