Маската на еден Американец, во која наликувал на припадник на Исламска држава, предизвикала паника меѓу посетителите на трговски центар во Омаха, САД, во петокот, објавува „Њујорк пост“.
Тој бил маскиран по повод на прославата на Ноќта на вештерките, односно т.н. „Халоуин“, за време на која младите во САД традиционално носат застрашувачки костуми.
Родителите и децата во трговскиот центар биле ужаснати кога го забележале мажот облечен во црно, кој носел и пушка, која всушност била играчка и торба. Една жена го сликала мажот и повикала обезбедување, кое дошло кога тој веќе заминал.
Фотографијата набргу била објавена и на Интернет, по што мажот кој го носел костумот се огласил јавно, правдајќи се дека неговата маска била инспирирана од филмот „Градот“ од 2010 година, во кој главните ликови се ограбувачи на банки.
– Не загрозив ничиј живот, ниту плашев деца. Ја разбирам реакцијата, но истовремено не сум загрижен, бидејќи станува збор за костум – кажа Хуго Мендоза, чија маска предизвика паника.
Тој бил во трговскиот центар заедно со своите две ќерки и со девојката. Дел од медиумите ја прогласија неговата маска за „најглупава“ за годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


