Голем самоубиствен напад се случи во близина на амбасадите и другите владини објекти во таканаречената „Зелена зона“ во авганистанскиот главен град Кабул.
Престолнината на Авганистан денес беше потресена од силна експлозија во која што најмалку 14 лица го загубија животот, а 13 се повредени, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, повикувајќи се на очевидци и извештаи на авганистанската полиција.
Локалните медиуми пренесуваат дека страшниот бомбашки напад бил изведен од 13-годишно дете.
Според првичните информаци, нападот се случил во близина на амбасадите и владините објекти, а очевидци потврдиле дека земјата се затресла и испукале прозорите на околните објекти. 13-годишното дете го активирало експлозивот во близина на амбасадата на Австралија во „Зелената зона“ во Кабул.
Новинарката на „Ројтерс“ тврди дека видела мртви тела на најмалку осум загинати и неколку повредени во дистриктот Вазир Кабар Кан во Кабул, но според последните информации, животот го загубиле 14 лица, а 13 биле повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


