| четврток, 6 декември 2018 |

Србија ја освои светската лига во ватерполо

Репрезентацијата на Србија во рускиот град Чељабинск го освои првото злато со новиот селектор Дејан Савиќ. „ Делфините“ во финалето убeдливо ја совладаа репрезентацијата на Унгарија со резултат 12:7 (4:3, 3:1, 2:2, 3:1) и ја потврдија доминацијата во овој спорт. Ова е нивен седми трофеј во светската лига.

Србите од самиот старт го диктираа темпото и ја зголемуваа разликата која без проблем ја сочуваа до последниот момент од средбата.

Најдобри поединци беа Филип Филиповиќ со 4, Стефан Филиповиќ и Вања Удовичиќ со по 3 постигнати голови.

Во борба за 3 место репрезентативците на Црна Гора ги совладаа американците на пенали со 13-11.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top