На Скендер бег беше како на бојно поле, со долги рафали татнежот на автоматите беше составен дел од веселбата. Но и по два дена од овој инцидент, МВР и Обвинителството молчат иако во прашање е тешко кривично дело. Алфа денеска побара одговор од Министерството за внатрешни работи.
На сите овие прашања добивме краток одговор дека истрагата е во тек и се работи на расветлување на случајот. Од обвинителство пак не знаат дека повеќе лица со автоматски пушки стрелаа во центарот на Скопје. Иако законот ги обврзува обвинителите да дејствуваат и по допрен глас,скопското обвинителство чека полицјата да ги извести за случајот.
Долгите рафали стрелби, се случија меѓу толпа народ, и пред високи партиски функционери на ДУИ. И ноќта на 15 октомври по завршувањето на првиот круг од локалните избори на повеќе локации во Скопје се пукаше со пиштоли иако и видеата и фотографии од пукачите беа јавно објавени, истрагата на МВР и Обвинителство очигледно некаде заглавила, бидејќи и по 15 дена нема информации за овој кривично правен настан.
Извор: alfa.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


