Членови на џихадистичката група Исламска држава (ИД) планирале троен бомбашки напад во трговски центар во Истанбул, пишува денеска весникот „Хуриет дејли њуз“.
Турската полиција во последните седум дена спроведе голема операција против осомничени приврзаници на ИД, при што бил откриен план на џихадистичката група за напад во трговски центар во истанбулскиот кварт Бајрампаша, како и на паркингот на објектот.
По двете експлозии требало да има и самоубиствен бомбашки напад врз луѓето кои би дошле во помош на настраданите во првите два напади.
Организаторите на нападот биле уапсени во автомобил на паркингот на трговскиот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


