| четврток, 6 декември 2018 |

Водата во Гостивар безбедна за пиење

Водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење – потврди Институтот за јавно здравје. Готови се анализите на земените примероци. Епидемиолозите објаснуваат дека се покажало оти водата е бактериолошки исправна и нема присуство на пестициди.

Институтот за јавно здравје ги направи дополнителните анализи откако стотици жители на Гостивар добија труење, се пожалија на дијареа, повраќање и болки во стомакот. Сѐ уште не се знае од што се затруле.

Првичните сомнежи дека причинител е водата се појавија откако Државниот здравствен и санитарен инспекторат ја исклучи можноста дека труењето е од храна. Сега, оттаму велат дека екипите се на терен и се утврдува што предизвика труење кај гостиварци.

Остануваат препораките да се пие флаширана вода. Во меѓувреме, се намалил и бројот на луѓе кои бараат помош во гостиварската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top