Во борбата за идеални колена познатата глумица Деми Мур имаше пластична операција! Ако не сте подготвени за толку ригорозен чекор, не очајувајте, бидејќи убави колена може да имате и со неколку едноставни вежби.
Возење велосипед
Педалите треба да ги вртите со просечна брзина, без забрзување или забавување, телото треба да биде исправено и да не се наведнувате нанапред. Потребно е да се вози 1 час дневно.
Чучнувања
Нозете треба да ги поставите во широк расчекор. Полека да се спуштите издишувајќи, колената треба да бидат свиткани, па кренете се полека и вдишете. Почнете со 15 чучнувања и постепено зголемете ги и до 100 дневно.
Свиткани нозе во лежечка положба
Легнете на грб, подигнете го телото и навалете се на свиткани лактови. Свиткајте ги нозете и обидете се колената да ја допрат брадата. Почнете се 10, па постепено зголемете и до 50 повторувања.
Скокање јаже
Одличен начин за губење масти е скокање јаже. Колку побрзо – толку подобро, нема потреба да скокате многу високо, но скокајте почесто.
Исчекор
Направете голем чекор напред, свиткајте го коленото во агол од 90 степени. Потоа, направете го истото и со другата нога. Повторете 15 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст