Вујадин Станојковиќ, селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, за натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство, повика 22 играчи.
На списокот на Станојковиќ се наоѓаат:
Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодоровски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Кирил Ристовски (Борец), Оливер Стоименовски (Карабах, Азербејџан);
Среден ред: Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Јани Атанасов (Академија ПАНДЕВ), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Богдановски (Спартак Трнава, Словачка), Дарко Чурлинов (Келн, Германија), Елиф Елмас (Фенербахче, Турција), Миле Тодоров (Работнички), Филип Стојчевски (Вардар);
Напад: Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Бојан Миовски (Карабах, Азербејџан), Бојан Колевски (Вардар).
Македонија е во група со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Натпреварите ќе се играат во периодот од 8 – 14 ноември во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст