| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште никој не поднел приговор до ДИК – рокот истекува во 2 часот по полноќ

Партиите до два часот по полноќ можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори. Досега не е поднесен ниту еден приговори иако некои од партијата најавија.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top