Никол Шерцингер, која е на прагот на петтата деценија од животот, вели дека се гордее со својата физичка форма и открива дека ја одржува тренирајќи со поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација – Дејвид Бекам.
Имено, тие двајцата одат во ист фитнес центар и имаат ист инструктор.
Во интервју за „Хелоу”, поп пејачката вели и дека Италија е нејзиното омилено место за релаксација.
– Италија има нешто посебно во воздухот. Венеција, Фиренца, Портофино, Верона, Рим, Капри – ги сакам сите тие. Таа е дом на моето срце и дух, нагласува Никол.
Натаму, таа вели дека кога некој ја става кариерата во прв план, мора да жртвува голем дел од приватниот живот.
– Имам поддршка од избрана група пријатели. Немам квантитет, тоа е сигурно, но имам квалитет. Секогаш сум била повеќе интровертна… Врските страдаат. Погледнете ме. Јас не сум мажена и се уште немам деца, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст