Кевин Спејси се посветил на кариерата во Холивуд за да побегне од таткото злоставувач, откри неговиот брат.
Рендал Фолер го опиша трауматичното детство кое Спејси го имал со својот татко Томас Џефри Фолер кој го силувал Рендал кој тој бил адолесцент.
Во интервју од 2004 година Фолер ја опиша „темницата“ во нивната семејна куќа и како Спејси се обидувал да не размислува за она за што се случувало.
Рендал вели дека татко му го силувал од 12 до 16 година, додека Спејси се затворал во себе за да ги избегне неволјите.
– Кевин се затвори во емотивен балон, за да избегне да не му се случува она што мене ми се случуваше и стана многу лукав и паметен. Беше толку решен да го избегне ќотекот, до таа мерка што тој стана потполно празен. Веќе немаше никакви чувства – раскажа неговиот брат.
Фолер рече дека неговиот татко бил толку монструозен, што меѓу себе го викале „створ“ и дека поради неговите ужасни постапки тој избегнувал да има деца во страв да не ги наследи татковите „гени на сексуален предатор“.
– Ниту еден од нас немаше шанса, бидејќи имавме пореметени родители. Јас имав три брака и 40 афери – призна Фолер.
Спејси се обидувал да го смири таткото, а Фолер најмногу трпел злоупотреби. Нивната постара сестра Џули исто така трпела ќотек и ја напуштила куќата кога наполнила 18 години. Фолер тврди дека „се жртвувал за да го заштити братот“.
Многу години подоцна мајката Кетлин им напишала писмо во кое се обидела да го оправда она што им го направил нивниот татко, тврдејќи дека и тој самиот бил злоупотребуван во детството.
Интервјуто е повторно објавено во екот на скандалот во кој славниот актер е обвинет дека во осумдесетите години се обидел сексуално да го заведе тогаш 14-годишниот Енотни Реп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст