Адолф Хитлер им се придружил на нацистите дури кога една друга политичка го одбила, дознава Томас Вебер, професор по историја на Универзитетот во Аберден.
Професорот Вебер дошол до необјавени документи, кои откриваат дека во 1919 година новоформираната Социјалистичка партија го одбила Хитлер со зборовите дека не го сака во своите редови, ниту, пак, да пишува за нивниот весник.
Во периодот кога Хитлер сакал да пристапи, партијата била многу поголема и поуспешна од Нацистичката партија. Доколку го прифатиле, историјата сигурно би имала поинаков тек, бидејќи Адолф ќе бил задоволен со помала улога во партијата и не би имал време да стекне толкава моќ.
– Само една година претходно не покажуваше никакви лидерски квалитети и бил среќен само што може да ги следи останатите, подобро отколку да издава наредби, истакна Вебер.
Хитлер дури откако бил одбиен, покажал интерес за Нацистичката партија, станувајќи нејзин лидер во 1921 година.
– За ова никој не зборува. Тоа го објаснува неговото опсесивно однесување во следните години, особено кон Социјалистичката партија, нагласи германскиот професор.
Инаку новооткриениот документ е записник од Ханс Џорџ Грасингер, основач на германската Социјалистичка партија, а пронајден е во архивата на Институтот за современа историја во Минхен.
– Есента во 1919 година, некаде околу септември, Хитлер се појавил во една издавачка куќа и побарал да се сретне со Грасингер, нудејќи му да пишува за партискиот весник. Немал пари, па воедно сакал и да позајми од Грасингер. Сепак, му било кажано дека нема корист од него во весникот, но и дека партијата не го сака, се наведува во пронајдениот документ.
Хитлер, кој е една од најконтроверзните личности во историјата, според психологот Хенри Мареј, бил оценет како личност со дијагностицирана шизофренија и имал за цел да се одмазди за своето детство преполно со гнев.
Мареј во 1943 година го анализирал и се обидел да го предвиди неговото однесување.
Хитлер страдал од нетолерантни чувства на инфериорност кои имаат корени во неговиот мал, слаб и лош физички изглед во текот на детството. Хитлер одбивал да оди на училиште бидејќи се срамел поради тоа што бил полош ученик во споредба со останатите ученици. Неговата мајка дозволила тој да се откаже од образованието.
Својата несигурност Хитлер ја прикривал со применување моќ, физичка сила, немилосрдна доминација и воено освојување.
Како дете, Хитлер страдал од Едипов комплекс, кој го развил откако случајно ги видел родителите за време на сексуален однос, наведува Мареј во извештајот. Во тој момент, Хитлер почнал да го гледа својот татко како непријател кој со семејството владее со тиранска моќ и неправда. Хитлер бил љубоморен на моќта на својот татко и сонувал за денот кога ќе го понизи.
Мареј пишува и дека Хитлер имал мазохистичко однесување додека имал сексуален однос со жена, а неможноста да ја докаже машката сила пред жените го поттикнала тоа да го надомести со моќта пред светот.
Познато е дека Хитлер застапувал „чиста, немешана германска крв“. Мареј го објаснува тоа со фактот дека кога имал 12 години, Хитлер бил фатен за време на сексуален однос со мало девојче, а потоа почнал да стравува дека неговата крв би можела да биде заразена по контакт со жена. Тој никогаш не признавал дека неговиот татко е роден како непризнато дете и дека имал два неуспешни брака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст