| четврток, 6 декември 2018 |

Папа Франциско: На човештвото му се заканува самоубиство ако избие нуклеарна војна

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, предупреди дека на човештвото му се заканува самоубиство доколку дојде до нуклеарна војна.

Западните медиуми оценуваат дека папата притоа мислел на зголемените тензии меѓу Северна Кореја и САД, па со тоа и зголемениот ризик од нуклеарен судир.
Токму заканата од нуклеарна конфронтација на САД и Северна Кореја ќе биде главна тема на конференцијата која ја организира Ватикан, а на која ќе присуствуваат 11 добитници на Нобеловата награда за мир, највисоко позиционираните функционери на Обединетите нации и НАТО, како и амбасадорите на главните светски сили.

При посетата на персоналот кој ја подготвува конференцијата, закажана за 10 и 11 ноември, папата предупреди на зголемената опасност од избивање нуклеарна војна.
Тој воедно побара Вашингтон и Пјонгјанг да ги прифатат обидите на други земји за смирување на ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top