| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродром го избира најдобриот пожарникар

Традиционалниот 33. квиз-натпревар по противпожарна заштита за учениците од осумте основни училишта во општина Аеродром денеска ќе се реализира во ООУ „Љубен Лапе“.

Организатори се Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ и општина Аеродром.

Противпожарниот квиз-натпревар, како што информира општина Аеродром, претставува важен дел во развојот и ширењето на општата противпожарна култура меѓу младата популација, како и едукација за заштита од пожари, односно превентивни мерки и постапка во случај на пожар.

Во текот на октомври Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“  за основните училишта распиша конкурс за ликовни и литературни творби со мотиви за заштита од пожари, кои ќе бидат изложени во основното училиште „Љубен Лапе“, а за најдобрите творби ќе бидат доделени дипломи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top