Немам намера да дојдам во Скопје да бидам претседател на СДСМ ниту пак да бидам премиер. Ова го тврдеше Зоран Заев на телевизија пред една година.
За време на гостувањето во емисија „Отворено со градоначалникот“ емитувана на локална струмичка телевизија, Заев тогаш ги уверуваше струмичани дека сака да остане во својот град со старите обврски.
– Пусто Скопје не ме привлекува во тој дел на политиката. Ако имав амбиции ќе бев мандатар за влада, потпретседател бев, Радмила нема политички функции. Јас немам такви амбиции. Се замислувам како тоа јас со моите Душко и Александра треба да живеам во Скопје, незамисливо е. Јас сум пораснат во специфично семејство, истакнува Заев во гостувањето во емисијата „Отворено со градоначалникот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


