Потпретседателот на српската Влада, Александар Вучиќ изјави дека 28 јуни ќе биде првиот победнички Видовден во историјата на Србија, затоа што Србија ќе добие датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија.
Тој изјави дека Германија ги вреднува сите заложби на Србија.
„Јас ќе бидам виновен пред српските граѓани ако не до добиеме датумот за почеток на преговори со ЕУ, а некој сигурно ќе мора да објасни се, доколку тоа не се случи“, изјави Вучиќ во дневникот на српската национална телевизија РТС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



