Немаме определно став за напуштање или останување во Владата, тоа допрва ќе биде решено откако ќе се анализираат последните изборни резултати, истакна Арбен Таравари на денешената прес-конференција во Гостивар.
Тој како генерален секретар на партијата Алијанса за Албанците, во оценката за текот на изборите го критикуваше ангжаманот на владините функционери во кампањата во корист на ДУИ.
– Засега не излегуваме од Владата. Следуваат анализи во претседателство на партијата и да видиме дали имало злоупотреби за време на изборниот процес, бидејќи постојат сомнежи. Ќе поразговараме и со премиерот. Сметам дека е скандалозно, премиерот, министерот за внатрешни да бидат ангажирани и да работат во корист на ДУИ. Тоа е недозволиво и со препораките на Прибе. Меѓутоа вчерашниот ден беше исполнет со низа нерегуларности, поткупи, притисоци и запалашување. Жалам што и министерот Спасовски лично вршел притисок. Жалам и што една влада стои зад партија која има лошо минато, рече Таравари.
Тој смета дека ресорот здравство и натаму ќе биде распеделен на Алијансата за Албанците, но конечната одлука ќе биде донесена откако за тоа ќе се реши во партијата.
Таравари најави ревизија на финансиското работење на општината Гостивар и неговиот претходник, бидејќи како што нагласи, постојат индиции за сериозни злоупотреби.
– Ќе побараме документи и ќе ја видиме точната состојба. А најбрзо што се може ќе направиме санацијата на покривот на ОУ „Гоце Делчев“. Наскоро ќе профункционира и отворена телефонска линија и контакт преку социјалните мрежи „Здраво Таравари“ преку која граѓаните ќе ги кажуваат нивните проблеми. Вторник ќе биде ден за директни средби на граѓаните со кабинетот на градоначалникот и надлежните служби, подвлече Таравари.
Тој потврди дека ќе ја добие поддршката во советот на општината и како што рече тоа ќе било лесно, бидејќи веќе се направени контакти со останатите партии кои имаат членови во новиот состав на советот на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст