| четврток, 6 декември 2018 |

Алмакос:  Во Тетово, Струга и Чаир неважечките ливчиња го определија победникот

Околу пет проценти е бројот на неважечки гласачки ливчиња во општините Тетово, Струга и Чаир во вториот круг од изборите. Овие рекордни бројки во споредба со другите општини, ги зголемија сомнежите во јавноста дека можеби биле фалсификувани избори и дека победникот го одредија неважечките ливчиња, кои се во далеку поголем број од разликата меѓу кандидатите.

На пример, во општина Тетово, разликата меѓу Теута Арифи и Билал Касами е 1.000 гласови, додека бројот на неважечки ливчиња е околу две илјади гласови, односно 4,5 отсто од вкупниот број на гласови.

Во Струга, околу 4 отсто од вкупниот број на гласови, односно повеќе од 1.000 гласови се покажаа како неважечки, додека пак разликата помеѓу Рамиз Mерко и Зијадин Села е помалку од 800 гласови.

Во Чаир бројот на неважечки гласачки лифчиња е пет пати поголем од разликата помеѓу двата кандидати. Неважечки гласачки ливчиња во оваа општина имало 3,5 отсто, односно околу 1.100 гласови, додека разликата меѓу Висар Ганиу и Зеќирја Ибрахими изнесува 200 гласови.

По секој изборен циклус, на избирачките места се појавуваат неважечки ливчиња, но ќе остане мистерија како се постигна рекорден број на неважечки гласачки ливчиња токму во Тетово, Струга и Чаир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top