| четврток, 6 декември 2018 |

Суспендираниот претседател на Каталонија побегна во Брисел

Карлес Пуџдемон, суспендираниот претседател на Каталонија ја напуштил оваа шпанска област која во петокот прогласи независност и заминал во Брисел, пишуваат шпанските медиуми повикувајќи се на извори во владата.

Пуџдемон утринава на социјалните мрежи објави фотографија на историската палата Palau de la Generalitat во Барселона, за јавноста да помисли дека тој уште е во зградата, но е утврдено дека станува збор за стара фотографија. Тој не присустувал ниту на состанокот на Европската демократска партија на Каталонија кој бил закажан во 10,30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top