| четврток, 6 декември 2018 |

Во Собранието влегуваат девет нови пратеници

Oд денешната координативна средба во Парламентот зависи кога ќе се одржи следната седница на која една од главните точки би била верификација на мандатите на новите пратеници на местото од новоизбраните градоначалници, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

Во однос на можните промени во парламентарниот состав, Џафери посочи дека не е негова работа да коментира околу тоа, туку е работа на политичките партии, а тој како претседател на Собрание ќе ги спроведува парламентарните процедури.

Пратеничката група на СДСМ ќе претрпи персонални промени откако градоначалници станаа на Скопје Петре Шилегов, на Карпош Стефан Богоев, на Шуто Оризари Курто Дудуш, на Куманово Максим Димитриевски, на Гевгелија Сашко Поцков, на Струмица Коста Јаневски и на Штип Благој Бочварски. Нивните пратенички места се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.

На местото на Билал Касами од БЕСА, доаѓа Неџбедин Каремани. Оставка поднесе и Бардуљ Даути од ДПА, а следна на листата на ДПА во ИЕ 6 од каде доаѓа тој е Мерал Узаири Ферати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top