Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расветлување на случајот од плоштадот „Скендербег“, каде што ДУИ синоќа ја прославуваше победата со истрели од огнено оружје.
„Се преземаат мерки и активности и работиме на расчистување на случајот“ велат од Министерството. На прашањето зошто на самото место на настанот не реагираа полициските службеници кои беа присутни додека симпатизерите на ДУИ пукаа цели шаржери во воздух, од МВР велат не е точно дека не се реагирало и дека се преземаат мерки. За пукање со огнено оружје следи прекршочна постапка бидејќи станува збор за нарушување на јавниот ред и мир. Дел од куршумите завршија на долниот дел од катот на плоштадот, па парчиња бетон паѓаа врз новиот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, и врз Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст