Сопругата на сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, Марсела Топор, непосредно пред прогласувањето на независноста на Каталонија, заминала во својата родна Романија со двете нивни деца, пренесуваат локални медиуми.
Според шпански медиуми, Марсела со ќерките Магали и Марија заминале во Романија откако сопругата на Пуџдемон открила дека каталонската полиција повеќе не ја чува нивната вила на излез од градот Жирона.
Еден од соседите вели дека во изминатите 10 дена, не постојат знаци дека некој живее во нивната вила.
-Чудно е што додека Пуџдемон беше претседател, Мосос ја чуваше вилата 24 часа, а сега ги нема полицајците ниту во близина, рече тој.
Марсела, која првично се занимавала со глума, а потоа преминала во новинарство, е повлечена личност, но не ја крие својата поддршка за независност на Каталонија, пишуваат странските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст