| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија собрани над 90.000 потписи за воведување доживотен затвор за силувачи и убијци на деца

Во Србија за една недела се собрани 93.000 потписи за поддршка на иницијативата за измена на Кривичниот законик, со која би се вовела казна доживотен затвор за силувачи и убијци на деца.

Иницијативата е на фондацијата „Тијана Јуриќ“ и има поддршка од 40 градови во Србија.

Во иницијативата се бара доживотната казна затвор да се воведе за најтешките кривични дела, како што се убиство на деца, малолетници и бремени жени. Исто така, се бара Собранието да усвои и предлог осудените за вакви дела да немаат право на помилување.

Потребни се најмалку 30.000 потписи за предлог-измените на законот да бидат на дневен ред на Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top