| четврток, 6 декември 2018 |

Европската унија го укина роамингот

eu roaming

Европската унија ја донесе најавената одлука за укинување на роамингот во земјите на Унијата, а оваа одлука ќе стапи на сила идната година.Ваквата одлука не важи за земјите надвор од Унијата, но корист ќе имаат сите бидејќи се водат преговори и со останатите земји за намалување на роаминг тарифите во ЕУ.
Измените предвидуваат воведување идентични цени за телефонски повици, за СМС пораки и мобилен интернет во сите 27 земји членки на Унијата. Притоа, сите корисници без оглед на тоа во која држава престојуваат ќе плаќаат исто како да се дома.
Со ова Европската унија надмина еден горлив проблем поради високите цени за роаминг услугите кои се плаќаат при патување од една во друга држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top